Рафаел Надал одигра одлична сезона и заслужено ќе го дочека крајот на годината на лидерската позиција.
Најголем ровал на Надал е секако Роџер Федерер, а токму тие двајца рамноправно ги поделија троефите на Гренд Слем минатата сезона (по два).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бившиот тренер на Рафа и негов чичко, Тони Надал смета дека наредната сезона ќе биде многу потешка бидејќи многу врвни тенисери се враќаат после повредите.
„Ѓоковиќ минатата сезона не беше на своето ниво, Мари исто така. Вавринка имаше многу проблеми, како и Нишикори и Раониќ, поради тоа следната сезона ќе биде многу потешка. Се надевам дека Рафа уште еднаш ќе докаже дека е најдобар играч на земја и дека ќе ги одбрани титулите во Монте Карло, Барселона и на Роланд Гарос“, изјави Тони Надал кој е убеден дека Рафа ќе го стигне Федерер по бројот на Гредн слемови.
„Верувам дека Рафа ќе игра на врвно ниво уште долго и дека во иднина ќе го стигне Федерер со 19 најголеми титули“.