Чеферин испрати јасна порака.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин смета дека формирање на глобална Лига на Нации, како и Светско првенство за клубови не би била добра работа за фудбалот. Тој и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кој е шеф на асоцијајцијата на клубови потпишаа меморандум за разбирање на УЕФА и ЕАК и заедно се спротиставија на предлогот на Џани Инфантино.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Почитувањето исто така значи зборување со пријателите и семејството, колегите и партнерите, кога не мислиме како нив и со сета почин кон нив сметаме дека грешат“, изјави Чеферин, а потоа прецизираше што точно мисли.
„Сметам дека глобална Лига на Нации и Светско првенство за клубови не е добра идеја, покажуваме почит кон нив и кон фудбалот, играта која ја сакаме и која мораме да ја штитиме. Се надеваме дека ФИФА ќе не послуша европскиот фудбал заслужува респект“.
„Додека јас и Ањели бидеме на чело на овие две организации Суперлига нема да има и тоа со сигурност ви го тврдам“, порача Чеферин.