Од вчера и официјално е познато дека Рамос нема да го носи дресот на Реал Мадрид наредната сезона.
Веднаш по објавувањето на оваа информација се појавија и клубовите кои би можеле да бидат негова следна дестинација. Kaко негови можни дестинации се споменуваат ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Севиља.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според информациите на „АС“ Манчестер Сити во овој момент е најблиску до искусниот стопер. Пеп Гвардиола сака дополнително да ја зацврсти одбраната покрај Рубен Дијаш, Џон Стоунс, Натан Аке…
Наводно, Рамос веќе има донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата и таа на јавноста би требало да и биде соопштена во наредните неколку дена.