Селекторот на Хрватска во елемент.
Репрезентацијата на Хрватска во текот на вчерашниот ден запиша тешка победа во натпреварот против Белорусија. Селекторот на оваа репрезентација, Лино Червар во финишот од средбата ги загуби нервите, а после натпреварот не се штедеше ниту во изјавата.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Судиите се обидоа да ни ја одземат победата, но не успаа. Гледајќи ја целата ситуација ми изгледа како да играме на гостински терен. Никако не можам да го разберам критериумот. Ова е вистински циркус“, зборуваше Червар.