Од Челзи се надеваат дека конечно ќе постигнат договор со Рен за нивниот голман, Едуард Менди.
„Сините“ го пикирале 28 годишниот чувар на мрежата на францускиот тим како идеално решение за голманската позиција за следната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Менди нема да добие директен првотимски статус туку ќе се ротира на голот со актуелниот прв избор, Кепа Аризабалага.
Од Челзи веќе еднаш беа одбиени од Рен, кога испратија понуда од 14 милиони фунти. Сега вклучија и бонуси во понудата и се надеваат дека клубот ќе ја прифати подобрената понуда и ќе го пушти играчот да си замине.