Дома Трансфер зона Челзи на шопинг во Италија: Главна цел дефанзивците на Милан и Јуве

Челзи на шопинг во Италија: Главна цел дефанзивците на Милан и Јуве

Раководството на Челзи ќе се обиде да привлече двајца дефанзивци од Италија во јануарискиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Тренерот на „сините“ Маурицио Сари ги сака во своите редови Даниеле Ругани од Јувентус и Алесио Ромањоли од Милан.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ругани ова лето беше блиску до преселба на „Стенфорд Бриџ“, но откако Калдара се пресели во Милан, италијанскиот шампион реши да го задржи Ругани и ја одби понудата од Челзи.

Ромањоли ова лето стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2022 година и беше именуван за капитен, па Милан е спремен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигне на нивна адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…