Дома Најава Челзи – Ливерпул втора рунда: Можат ли „сините“ да зададат уште еден нокаут?

Челзи – Ливерпул втора рунда: Можат ли „сините“ да зададат уште еден нокаут?

Денес на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Челзи и Ливерпул кои само пред три дена играа во рамките на Лига купот, а тогаш „сините“ успеаа да ги нокаутираат „црвените“ на домашен терен.

Сари го препороди Челзи

Челзи оваа сезона е како препороден и воопшто не наликува на тимот од минатата сезона. Под водство на Маурицио Сари тимот запиша пет победи во првите шест меча, игра одличен фудбал и го елиминира Ливерпул од Лига купот. По се изгледа дека „сините“ оваа сезона ќе бидат кандидати за титулата, што е огромен напредок од минатата сезона кога не изборија пласман во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата аквизиција Жоржињо покажа зошто беше толку баран и веднаш се наметна како еден од најдобрите плејмејкери во лигата и клучен играч во формацијата на Сари. Заедно со него Канте и Ковачиќ формираат фантастично трио во средниот ред кое прави нападот да функционира одлично. Сари нема големи проблеми со повредени играчи, надвор од тимот е Педро, но под знак прашанил е и настапот на Рудигер.

Ливерпул после одличниот старт ја „сонува“ титулата

Ливерпул е единствениот клуб во Премиер лигата кој има максимален број на бодови. „Црвените“ запишаа шест победи во првите шест кола и се наметнаа како главен кандидат за титулата оваа сезона. Јирген Клоп конечно склопи тим по свој вкус кој одлично функционира и за разлика од претходните години не прима лесно голови.

Ливерпул во средата во Лига купот излезе со комбиниран состав, па Клоп сигурно ќе има посилно оружје за овој меч. Меѓутоа, традицијата е против него бидејќи Ливерпул има само две победи на последните 14 меча против тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Веројатни состави:

Челзи: Кепа – Аспиликуета, Давид Луис, Кејхил, Алонсо – Ковачиќ, Жоржињо, Канте – Азар, Вилијан, Жиру.

Ливерпул: Алисон – Робертсон, Ван Дијк, Гомес, Арнолд – Милнер, Хендерсон, Вајналдум – Мане, Салах, Фирмињо.

Според букмејкерите треба да очекуаме израмнет меч, па така според Coinbet24 коефициентот за победа на Челзи изнесува 2.70 за реми 3.40 додека за победа на „црвенте“ коефициентот е 2.58.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Позната следната дестинација на Марко Ројс?

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја …