Дома Фудбал Судијата Орсато се расплака по натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд

Судијата Орсато се расплака по натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд

Италијанскиот судија Даниеле Орсато се расплака откако означи крај на вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд.

За него тоа беше последен натпревар во кариерата во Лигата на шампионите.

Орсато има намера да се повлече по крајот на Европското првенство, па така јасно е дека нема да суди повеќе натпревари во елитата.

Италијанецот покажа емоции и со солзи во очите го напушти теренот. Во кариерата делеше правда на 55 натпревари во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…