Дома Македонски спорт Мак фудбал Сејдини: Битолa доби репрезентативен стадион!

Сејдини: Битолa доби репрезентативен стадион!

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот “Петар Милошевски” и го пушти во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола. 

На бетонски столбови долги речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го ослетлуваат теренот и трибините на “Петар Милошевски”. Во последната фаза, се работи уште на калибрирањето на светилките. 

– Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, се до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку “Хет-трик” програмите на УЕФА. Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме,

Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…