Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи и Манчестер Јунајтед го сакаат играчот на Вест Хем, Деклан Рајс.
Рајс е „дете“ на Челзи, каде порасна заедно со Мејсон Маунт, а подоцна пријателството продолжи и во репрезентацијата на Англија.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Рајс е поливалентен фудбалер, може да игра како стопер, но и како дефанзивен играч за врска, па токму поради тоа е голема желба на Лампард.
Интерес за Рајс покажува и Манчестер Јунајтед, кој неодамна го продолжи договорот со Вест Хем и има откупна клаузула од 70 милиони фунти.
Двата клуба на лето ќе водат голема битка за потписот на Рајс, кој игра одлично како за Вест Хем така и за репрезентацијата.