Дома Фудбал Деклан Рајс застана пред камера и призна каква трагедија доживеал: „Овој гол е за неа“ (Фото)

Деклан Рајс застана пред камера и призна каква трагедија доживеал: „Овој гол е за неа“ (Фото)

Арсенал ја продолжи својата одлична серија во Премиер лигата и вчера на гостувањето со 2:0 го победи Барнли во натпреварот од десеттото коло. По натпреварот, во центарот на вниманието се најде Деклан Рајс кој јавно раскажа каква семејна трагедија доживеал неодамна.

По натпреварот пред камерите излезе токму Рајс кој емотивно го прослави својот гол. Тој ги крена рацете кон небото, а потоа објасни зошто го направил тоа и каква семејна трагедија доживеал неодамна.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, пред неколку недели ненадејно починала неговата тетка со која бил силно поврзан и која со неговата мајка во живо ги следела речиси сите негови натпревари, па токму нејзе ѝ го посвети вчерашниот гол.

„Тетката ми почина пред натпреварот против Фулам. Бескрајно ја сакав. Патуваше насекаде со мојата мајка за да ме гледаат. Знам дека денес не гледаше одозгора и овој гол ѝ го посветив нејзе“, рече Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од најдобрите бекови во Премиер лигата е подготвен за голем клуб: Прави трансфер уште во јануари?!

Еден од најталентираните десни бекови во Премиер лигата, Даниел Муњоз, размислува за транс…