Дома Трансфер зона Челзи е спремен да го пушти Пулишиќ во Манчестер Јунајтед само под еден услов

Челзи е спремен да го пушти Пулишиќ во Манчестер Јунајтед само под еден услов

Челзи може да се согласи да го пушти на позајмица Пулишиќ во Манчестер Јунајтед, но само доколку претходно фидбалерот го продолжи договорот со „сините“.

Желбата на Челзи е да го продаде 23-годишниот крилен фудбалер и сака да си ги врати приближно парите кои ги вложи пред три години, односно 55 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пулишиќ има договор со „сините“ на уште две години, па Челзи не сака следното лето фудбалерот да се врати и да влезе во последната година од договорот.

Затоа ќе се согласи да го пушти на позајмица, но само ако претходно стави потпис на нов договор и сумата за откуп биде поставена приближно на 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…