Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Челзи, пренесуваат англиските медиуми.




Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна откако Германците потпишаа договор со Матијас де Лихт од Јувентус. Се погласно се зборува дека може да биде продаден, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Според информациите, Челзи будно ја следи ситуацијата околу дефанзивецот и е спремен да испрати понуда во наредните денови. Самиот играч преферира преселба во Премиер лигата.




Павард беше донесен во Баерн од Штутгарт во 2019 година за 35 милиони евра. Досега за Баварците има 119 настапи, 5 гола и 11 асистенции.
Тоје француски интернационалец, а Баерн за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.