Дома Фудбал Два гиганти во ред за Влаховиќ, приказната станува се’ поинтензивна!

Два гиганти во ред за Влаховиќ, приказната станува се’ поинтензивна!

Душан Влаховиќ е повреден и сигурно нема да се врати до крајот на февруари, станува збор за повреда на бутот, поради која мораше и на операција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, интересот за него не се намалува.

Неговиот договор истекува на лето и дефинитивно ќе биде најинтересниот фудбалер кој е во актуелниот состав на Јувентус, а два великани одамна се во контакт со српскиот напаѓач и приказната полека станува поинтензивна.

Барселона одамна се спомнувала како реална опција бидејќи е прашање дали Левандовски ќе остане во клубот и по завршувањето на сезоната, бидејќи и нему му истекува договорот, а друга опција е Бајерн од Минхен, каде што не е баш најјасно дали Влаховиќ воопшто би можел да биде во стартните 11 имајќи ја предвид фантастичната форма на Хари Кејн.

Се спомнува и Милан, од италијанските клубови, но јасно е дека Влаховиќ не брза премногу кога станува збор за избор на нов клуб или евентуално, останување во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Сити без договор за трансфер на Родри

Најдобриот играч на Светското првенство, Родри, најверојатно ќе ги засили редовите на Барс…