Дома Фудбал Некогаш играа во Премиер лигаата, а сега може целосно да згаснат!

Некогаш играа во Премиер лигаата, а сега може целосно да згаснат!

Некогаш Рединг беше дел од Премиер лигата, но денес се соочуваат со можноста за ликвидација по барање на поранешниот директор на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барањето го поднесе до властите поранешниот извршен директор на клубот, со кого Рединг веќе подолго време води судска битка, одбивајќи ги неговите обвинувања.

“Клубот ги отфрла обвинувањата и води активна судска постапка против оваа личност. Поради можноста за правна постапка, не би било соодветно понатаму да се коментира овој случај”, изјавија од англискиот клуб.

Хау претходно имаше висока позиција во Рединг и беше вмешан во неодамнешната продажба на клубот, која беше завршена оваа година по долгогодишните финансиски проблеми под претходните сопственици.

Клубот во минатото губеше бодови и беше под рестрикции, а последните вести ќе предизвикаат дополнителна загриженост кај навивачите.

Моментално, Рединг е дел од третата лига на англискиот фудбал и се проценува на вредност од 11 милиони евра, додека се наоѓаат на 18-тото место на табелата во Лига 1.

Последен пат дел од Премиер лигата беа во сезоната 2012/13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Му…