Дома Фудбал Огромен интерес за дијамантот на Хајдук – вклучени се и Барселона и Реал

Огромен интерес за дијамантот на Хајдук – вклучени се и Барселона и Реал

Бранимир Млачиќ е на излезните врати од Хајдук. Познатиот инсајдер Екрем Конур, со над 230 илјади следбеници на платформата X, пишува за интересот на многубројни светски клубови за Млачиќ.

“18-годишниот стопер на Хајдук е жешка стока”, наведува Конур, со приложена листа на клубови што го сакаат хрватскиот дијамант. Наведените клубови се: Интер Милано, Њукасл, Марсеј, Барселона, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Млачиќ е најблизу до заминување во Интер. Според информациите, Хајдук од трансферот треба да заработи меѓу 4,5 и 5 милиони евра фиксно плус бонуси со кои трансферот може да достигне 8 милиони евра. Не е познато дали Хајдук ќе има процент од идниот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…