Дома Фудбал Шкендија се избори за нокаут-фаза во Конференциската лига

Шкендија се избори за нокаут-фаза во Конференциската лига

И покрај поразот на гостувањето кај АЕК Ларнака (0-1), македонскиот шампион Шкендија обезбеди пласман во нокаут фазата од Конференциската лига и испиша историја во домашниот фудбал. Тетовци станаа првиот македонски клуб што ќе игра европска пролет и нокаут фаза во едно европско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На натпреварот во Ларнака, АЕК имаше поништен гол во 43. минута поради офсајд по ВАР-интервенција. Во вториот дел Шкендија остана со играч помалку откако Латифи доби црвен картон, а домаќините ја искористија предноста и постигнаа победнички гол преку Ангиелски во 83. минута.

И покрај минималниот пораз, благодарение на останатите резултати, Шкендија ја задржа позицијата што води во нокаут фазата и оствари историски успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…