Дома Фудбал „Зовре“ атмосферата во Милан: Залудно „фрлија“ 55 милиони на засилувања, бараат нови двајца фудбалери

„Зовре“ атмосферата во Милан: Залудно „фрлија“ 55 милиони на засилувања, бараат нови двајца фудбалери

По испаѓањето од Купот од Лацио, Милан го изгуби и вториот трофеј сезонава, бидејќи беше поразен од Наполи со резултат 2:0. Тoj пораз можеби од резултатска перспектива не е толку важен бидејќи многумина не го сметаат Суперкупот за најважно натпреварување, но е важен од финансиска страна.

Остана само Скудетото.

Шансите на Милан не се големи, но постојат, и за да се освои трофејот потребно е во јануарскиот преоден рок да се направат вистински избори, иако несомнено дека во летниот преоден рок имаше грешки од страна на управата на клубот.

Проблемот е што е потребен уште еден квалитетен стопер, како и класична „деветка“, некој кој ќе ја искористи брзината и квалитетот на Рафаел Леао кој, се чини, копнее по играч со висок квалитет во нападот.

Дали е Фулкруг решението?

Тешко, иако се чини дека тоа ќе се случи во јануари. Нкунку е промашување, и тоа очигледно, а беше платен 37 милиони евра, а кога ќе ја погледнете куповината на Наполи кој го зеде на позајмица Хојлунд и има опција за откуп за 44 милиони, ви е јасно кој подобро тргувал.

Другиот кој подфрли е Де Винтер, платен 18 милиони летоска, па јасно е зошто во Милано луѓето пред се укажуваат на себе и на своите купувања…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Модриќ на „Сан Сиро“ му пееја тоа што во минатото му се пееше на Марадона (Видео)

Лука Модриќ (41) во голем стил се врати по слабата игра против Лацио и неиграњето против Б…