Познатиот македонски стратег Чедомир Јаневски би можел да сев рати на Кипар.
Според она што го пишуваат медиумите на Кипар поранешниот селектор на Македонија може да седне на клупата на Олимпијакос од Никозија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува Македонецот бил прв фаворит за нов шеф на стручниот штаб, актуелниот Леонидас Воколос е пред заминување. Во овој момент тимот се наоѓа на 9. место на табелата.
Последниот тренерски ангажман Јаневски го имаше токму на Кипар каде што беше тренер на Ензос Паралимини, отказ доби пред седум месеци и засега е без ангажман.