Чави Ернандез (41) ќе дебитира на клупата на Барселона во градското дерби со Еспањол.
Доаѓањето на легендата на клупата на Барселона посебно ги воодушеви навивачите на каталонскиот гигант. Денес на прес-конференцијата Чави зборуваше за претстојниот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Им кажав на играчите да бидат мирни, имам доверба во нив, на теренот треба да се чувствуваат природно. Ќе мораме да се потрудиме да го добиеме овој натпревар. Јас сум среќен од она што можев да го видам на тренинзите“.
„Екипата е позитивна, но ни треба поддршката од навивачите. Немавме премногу време за работа, меѓутоа имаме јасна идеја. Сметам дека одредени правила се многу важни за функционирањето на групата. Не дојдов тука да наредувам, туку да направам некој ред. Засега се оди добро“.
„Многу разговарав со фудбалерите. Им кажав што барам од нив. Смирен сум, позитивен, среќен и возбуден што се вратив дома. Помалку сум неровзен од кога бев фудбалер. Можам да кажам дека сум изненаден од талентот кој го поседува екипата. Не сме во најдобра позиција, но сакаме да победуваме во иднина“, изјави Чави.
Барселона утре од 21:00 часот на „Камп Ноу“ ќе го пречека Еспањол.