Дома Фудбал Чави тврди: Белингам е добар, но има среќа

Чави тврди: Белингам е добар, но има среќа

Реал Мадрид вчера со пресврт славеше во Ел Класико и победи со 2:1, а херој за „кралевите“ повторно беше Џуд Белингам.

Белингам постигна два гола, а првиот беше вистинско ремек дело. Тој од почетокот на сезоната се наметна како лидер на Реал и еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чави после мечот го анализираше настапот на Белингам и тврди дека Англичанецот имал среќа.

„Белингам е фантастичен играч, но вистината е дека во овој момент има и среќа и се наоѓа во благословен момент. Топките завршуваат кај него, постигнува голови од одбиени топки. Денес направи разлика со својата игра. Вториот гол кој го постигна е наша грешка во одбрана бидејќи знаеме дека се уфрла од позадина, додека првиот е силен удар за кој не може да се додаде многу. Направи разлика на теренот, но ние заслуживме многу повеќе“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…