Дома Фудбал Останато Чави со порака до Болт: Едно е да бидеш најбрз, друго е фудбалската интелигенција

Чави со порака до Болт: Едно е да бидеш најбрз, друго е фудбалската интелигенција

Живата легенда во атлетиката и човекот кој освои девет златни медали на Олимписките игри, Усаин Болт се подговува да истрча на зелениот терен како фудбалер.

Позната е големата желба на Болт да се докаже во фудбалот. Јамајканецот веќе се договори и тренираше со еден клуб од Јужна Америка, а деновиве одржува тренинзи и со германскиот гигант Борусија Дортмунд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај тоа Болт ќе биде дел од „тимот на светот“ кој ќе игра против американските ѕвезди во хумантирен натпревар наредното лето.

Болт денес доби совет и од ветеранот кој долги години го носеше дресот на Барселона, Чави Ернандез кој важи и за еден од најинтелигентните фудбалери во светот.

„Болт е човек каков што ретко се раѓа, тој е еден од моите омилени спортисти. Никој во историјата можеби не може да се мери со неговата брзина, но фудбалот е сосема друга работа. Едно е да бидеш најбрз човек, друго е фудбалската интелигенција и тоа мора да му биде јасно“, изјави Чави.

ТУКА можете да го погледнете погодокот кој Болт го постигна тренингот на Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…