Дома Фудбал Чави: Нема да го испратам Дембеле на трибините, има договор и мора да игра

Чави: Нема да го испратам Дембеле на трибините, има договор и мора да игра

Tренерот на Барселона, Чави не планира да го казнува Осман Дембеле со испраќање на трибините и истакнува дека Французинот е во конкуренција за настап.

Во Барселона има проблем со договорот на Дембеле кој истекува следното лето. Каталонците сакаат да го задржат, но Дембеле се уште не ја прифатил понудата и чека да ја добие најдобрата. Во такви ситуации клубовите знаат да го казнат играчот со неиграње и испраќање на трибините. Сепак, Чави размислува поинаку.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Да го испратам Дембеле на трибините? Тоа не ми е цел. Ако има договор мислам дека мора да игра. Треба да размислуваме позитивно. Мора да игра и поради угледот на клубот. Не размислувам за испаќање на трибините“, изјави Чави.

Постои шанса да го видиме на теренот против Бетис утре.

„Во ред е, физички е 100% спремен. Изгледа среќно…Утре ќе одлучам како ќе играме“, додаде Чави. Пред натпреварот од 16. коло Барселона е на седмото место на табелата со 23 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …