Дома Трансфер зона Чави го известил Пике дека повеќе не е потребен на Барселона

Чави го известил Пике дека повеќе не е потребен на Барселона

Жерар Пике поминува низ можеби најтешкиот период во кариерата.

Пике во последните недели е во центарот на вниманието поради раскинувањето со Шакира по 12 години. Сега каталонскиот „Спорт“ пренесува Чави му соопштил на Пике дека не и е потребен на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според информациите на каталонскиот медиум Чави не е задоволен од неспортскиот живот на пике и смета дека тоа влијае на неговата физичка подготвеност, па така 35-годишниот дефанзивец веќе се смета за „вишок“.

Наводно, Чави лично разговарал со Пике и му ја објаснил ситуацијата бидејќи сака клубот да напредува. Пике не ја прифатил баш најдобро таа вест бидејќи сака да остане и да се бори за своето место, меѓутоа одлуката на Чави не се променила.

Чави сака да ја подмлади и освежи одбраната и смета дека Пике едноставно повеќе не може да го понуди тоа што се бара од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѓокереш пристигна да биде големо засилување, а неговиот настап беше – еден од најлошите во историјата на Премиер лигата!

Првото коло од англиската Премиер лига се одржа на Олд Трафорд, каде што силите ги одмериј…