Дома Македонски спорт „Црни“ мисли ја „јадат“ македонската спортска јавност – ШТО КОГА ЌЕ ГО НЕМА КИРЕ?

„Црни“ мисли ја „јадат“ македонската спортска јавност – ШТО КОГА ЌЕ ГО НЕМА КИРЕ?

Вчера репрезентацијата на Македонија претрпе пораз во натпреварот против Исланд и така не успеавме да обезбедиме пласман во втората фаза на Мундијалот.

Натпреварот против „Рибарите“ беше означен како финале од сите во репрезентацијата, на крајот Исланд беше подобар и го доби тоа „финале“ со 22:24.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали толку беше максимумот на оваа подмладена селекција или пак „Ел Команданте“ некаде погреши?

Одговорот на ова прашање со сигурност ние не можеме да го дадеме, но можеме да кажеме дека и Исланд имаше дури седум дебитанти на овој Мундијал.

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Ангеловски го критикуваше Раул и пред натпреварот со Исланд кој смета дека Раул се уште е на клупата само затоа што не е Македонец.

„Со 7 на 6 за 2 минути загуби меч. Утре пак нека игра 7 на 6 заради нечие его да ни докажува дека е во право. Кој стигне игра мајтап со Македонија. Да беше селектор Македонец ќе го сменевте на полувреме. Не зборувам само за Раул СРАМЕН натпревар со Турција, катастрофа со Грција и овде мајтапи 60 минути 7 на 6. Раул е тренериште ама мислам дека Македонија му е заморче за експерименти“.

Ќе повториме, ова е статус на Ангеловски е пред натпреварот со Исланд.

Но, ајде ако Раул греши тоа веројатно не е толкав проблем или ќе се поправи или ќе дојде негова замена.

ШТО КОГА ЌЕ ГО НЕМА КИРЕ?

Дека многу зависиме од него потврди и Стојанче Стоилов со изјавата после натпреварот.

Не може да играме добро само кога Кире може да промени нешто, така не се игра на Светското првенство. На таа брза страна со Кире можеме да играме со секого, но на другата каде што го нема имаме проблеми и не успеавме да ги надминеме. Тоа е што е, имавме шанса да се вратиме но не ја искористивме, Исланд заслужено победи“,

Исланд во вториот дел го отсече Кире и тогаш „план Б“ – НЕМАВМЕ!

„Рибарите“ добро го затворија нашиот капитен кој освен што не постигна погодок во вториот дел и остана на четирите од првиот не доби ниту простор за удар од далечина.

За жал помладите ракометари на неговата позиција (со сета почит кон нивниот квалитети) не се ниту блиску до нивото на Кире кој е еден од најдобрите ракометари во светот. Во македонската спортска јавноста преовладува мислењето дека кога ќе го нема Кире за успех ќе го сметаме и самиот пласман на едно Европско или Светското првенство.

Капитенот се уште е тука да не води во нови победи, до кога знае тој, а потоа…Останува времето да покаже, а ние се надеваме дека нешто ќе се промени и ќе се појави некој нов „Кире“.

Пишува: Стефан Даскалов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…