Дома Фудбал Останато Црвена Звезда ќе го тужи „Л’Екип

Црвена Звезда ќе го тужи „Л’Екип

Еден од директорите на Црвеа Звезда се наоѓа во Париз каде што со своите адвокати подготвува тужба против реномираниот француски медиум „Л’Екип“.

Јасно, на ваков потег од Звезда се одлучија откако францускиот медиум ги објави соменвањата дека натпреварот ПСЖ – Црвена Звезда (6:1) е наместен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме „Л’Eкип’ објави дека на самиот почеток пред натпреварот бил забележан обид да се упалти пет милиони евра дека Звезда натпреварот ќе го загуби со пет голови разлика што на крајот и се случи.

Во сооштението од Звезда се наведува дека клубот е разочаран и бесен поради таквите обвинувања за кои тие тврдат дека немаат никаква врска со вистината.

Тужбата која ќе многу веројатно ќе биде поднесена против францускиот шампион најмногу е поради нарушувањето на угледот на Звезда во Европа.

Од друга страна пак, „Л’Екип“ тврди дека за целиот случај е известена УЕФА на чело со претседателот Александар Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новата сезона на Лигата на шампионите започнува денес

Денес започнува новата сезона на Лигата на шампионите, а ќе заврши на 30 мај 2026 година с…