Спортското друштво Црвена Звезда својот спонзорски тим го засили со компанијата „М6“. Станува збор за соработка помеѓу фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Црвена Звезда и брендовите „Тиквеш“ и „БИП“.
„Сакам посебно да ги поздравам нашите деловни партнери, директорот на БИП Александар Поповски, директорот на „Тиквеш“ Радош Вукичевиќ и да му изразам голема благодарност на сопственикот и директор на компанијата М6, Светозар Јаневски, што во Црвена Звезда препознаа можност со заедничко дејствување да работат на освојување на пазарите за своите производи користејќи го најголемиот српски и регионален бренд Црвена звезда“, изјави претседателот на Собранието на спортското друштво Црвена Звезда, Петар Шкундриќ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Делиме исти вредности и тоа е нашиот мотив за поддршка на Црвена звезда. Тоа е традиција, константата во квалитетот и амбицијата да бидеме први, први во регионот, први во Европа. Се надевам дека заеднички ќе се искачиме на европскиот врв“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукичевиќ.