Конференцијата за новинари по натпреварот помеѓу Скендербег и Партизан во Елбасан сигурно беше една од најинтересните во последните неколку години.
Главен актер на оваа конференција беше преведувачот по име Мирко кој веројатно со таа работа се занимава во слободно време.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ситуацијата комична ја направи неговото „знаење“ на српски јазик. Поради тоа прашањата од албанските новинари беа навистина конфузни.
На крајот сакајќи да се пошегува на сметка на колегата, портпаролот на црно-белите, Билијана Обрадовиќ го запраша Албанецот дали ќе дојде да преведува во Белград, на што Мирко и одговори: Не ме зае*бавај.
Тој дел од конференцијата можете да го погледнете на 15 минута од снимката.