Дома Фудбал Интер испрати понуда до Мухаремовиќ

Интер испрати понуда до Мухаремовиќ

Многу клубови се заинтересирани за неговото доведување, а меѓу оние кои се најмногу „загризени“ се Интер, Јувентус, Борнмут, Њукасл и Милан.

Јасно е дека следното лето Мухаремовиќ ќе ја промени средината и ќе ја продолжи кариерата во некој поголем клуб.

Многумина се прашуваа дали тоа ќе биде Италија или Англија, и секако кој клуб тоа ќе биде, а изгледа и таа дилема е решена.

Јувентус е тој што наводно има мало предимство, а причината е фактот дека имаат 50 проценти права од неговиот договор со Сасуоло.

Тоа значи дека можат да го доведат под поволни услови од другите тимови, секако, ако се одлучат за купување.

Сепак, последните информации велат дека Мухаремовиќ кариерата нема да ја продолжи во Јувентус, но ќе остане во Италија.

Италијанскиот новинар Матео Морето донесе големи вести вечерва за репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Според неговите тврдења, Мухаремовиќ веќе е во напредни преговори со италијанскиот великан, а тоа е Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …