Дома Фудбал Нема седнато на клупата, а веќе предизвикува земјотрес: Новиот тренер на Реал ќе „истера“ три големи ѕвезди.

Нема седнато на клупата, а веќе предизвикува земјотрес: Новиот тренер на Реал ќе „истера“ три големи ѕвезди.

Унаи Емери е еден од фаворитите за клупата на Реал Мадрид. Шпанскиот стручњак веќе четири години успешно ја води Астон Вила, па раководството на Реал смета дека поседува сè што е потребно за тренер на кралскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Разговорите со потенцијалните кандидати наводно веќе започнале. Емери, тврди Ел Насионал, има јасен став според кој за него тројца фудбалери на Реал немаат што да бараат во клубот, ако тој стане тренер.

54-годишниот стручњак ги отпиша вистинските ѕвезди. Во неговите планови не се Антонио Рудигер, Арда Гулер, и на општо изненадување Трент Александар-Арнолд.

Рудигер во секој случај е на крајот од договорот со Реал и се очекува негово заминување. Меѓутоа, фактот што е подготвен да ги пречкрта Гулер и Трент дефинитивно е прилично изненадување.

„Ако Унаи Емери ја напушти Астон Вила и го преземе Реал Мадрид следното лето, огромни промени би можеле да се случат,“ наведува шпанскиот лист и продолжува:

„Антонио Рудигер, чиј договор истекува, потоа Арда Гулер, и на општо изненадување Трент Александар-Арнолд, се наоѓаат на списокот на непотребни кај шпанскиот стручњак.“

Емери е високо на списокот на кандидати за преземање на кралскиот клуб. Прва желба е Јурген Клоп, но Германецот засега, изгледа како недостижна опција за Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барселона официјално објави дека клубот постигнал договор со грчкиот Панатинаикос за транс…