Дома Фудбал Лига на шампиони Цел Ајакс = на половина Роналдо!

Цел Ајакс = на половина Роналдо!

Aјакс вечерва на свој терен ќе се обиде да направи добар резултат против Јувентус во натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Холанѓаните играат одлично оваа сезона. Во рамките од групата Е играа со Баерн, Бенфика и АЕК, оваа фаза ја заврши со три победи, три нерешени натпревари и гол-разлика 11:5.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потоа Ајакс во осминафиналето за противник го доби бранителот на трофејот, екипата на Реал Мадрид, „кралевите“ беа фаворити против Холанѓаните. Улогата фаворит Реал ја оправда само во првиот натпревар кога славеше со 2:1. Во реваншот Ајакс направи големо изненадување и со одлична игра стигна до победа од 1:4 и пласман во четвртфиналето.

Јувентус во осминафиналето во првиот натпревар беше поразен од Атлетико Мадрид со 2:0, а во реваншот со одличниот настап на Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик клубот се пласираше во следната фаза.

Она што е интересно пред вечерашниот натпревар кога ќе се видат почетните тимови тоа е по колку пари потрошија клубовите.

Ајакс најскапиот играч го плати 16 милиони евра, тоа е Дејли Блинд, следуваат Давид Нерес со 12, Душан Тадиќ 11, исто толку го купија и Зијеш. Тука се секако неколку одлични фудбалери кои израснаа во школата на Ајакс и практично овој клуб не го чинеа ништо.

Од друга страна Јувентус најскапо го плати Кристиано Роналдо, 100 милион иевра, следуваат Федерико Бернардески 40, Бонучи 35, Пјаниќ 32…

Кога се ќе се собере, Ајакс за својот почетен тим издвои скоро 55 милиони евра, додека Јувентус потроши околу 307 милиони евра.

Ова значи дека целиот тим на Ајакс е составен за пола од парите кои Јувентус ги плати за Роналдо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…