Дома Фудбал Германија Хумелс на тажен начин ја прокоментира одлуката на Лев да го исфрли од репрезентацијата

Хумелс на тажен начин ја прокоментира одлуката на Лев да го исфрли од репрезентацијата

Стоперот на Баерн Минхен, Матс Хумелс беше многу тажен откако што селекторот Јоаки Лев го отфрли од репрезентацијата на Германија.

Потсетуваме, Лев неодамна објави дека повеќе не смета на услугите на Жером Боатенг, Томас Милер и Матс Хумелс, а овој последниот изјави дека одлуката не му е јасна.


„Сега кога поминаа неколку дена, сакам да се изјаснам. Без оглед на, по моето мислење, тешко разбирливата спортска одлука, која се разбира ја почитувам, начинот на кој се се одигра во мене предизвика недоразбирање. Милер, Боатенг и јас со години дававме се од себе за репрезентацијата и мислам дека начинот на кој бевме исклучени и начинот на информирање не е коректен. Поради ситуацијата сум се, освен смирен, бидејќи сакав да играм за Германија“, изјави Хумелс.

Со ова дефанзивецот на Баерн покажа дека со голема желба настапувал за Германија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Влаховиќ на прагот на трансфер во Арсенал

Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан …