Дома Фудбал Германија Хумелс: Играме слабо, тоа е шанса за Арсенал!

Хумелс: Играме слабо, тоа е шанса за Арсенал!

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс истакна дека Баварците во овој момент не го играат својот најдобар фудбал и тоа може да биде голема шанса за Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овие два тима се среќаваат во осминафиналето од Лигата на шампиони, а Баерн во истата фаза го елиминираше Арсенал два пати во последните четири години.

„Што се однесува со мене, оваа сезона е се одлично. Многу сум среќен како играч. Што се однесува до тимот, нашите резултати и позицијата на табелата се во ред. Меѓутоа, на теренот не изгледа се онака како што треба. Сепак, тоа е нешто што може да се промени, а мораме да работиме напорно за да го промениме тоа. Далеку сме од својот најдобар фудбал“, истакна Хумлес.

„Арсенал е тим кој сака да игра фудбал, сакаат да ја имат топката во посед. Тоа е така долго, од кога е Венгер таму. Поради тоа мораме одлично да се припремиме за мечот, бидејќи не сме навикнати на такви ривали“, заклучи дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Барселона остануваат уверени дека Хулиан Алварес ќе пристигне на “Камп Ноу”

Барселона останува цврста во намерата да го ангажира Хулиан Алварес, и покрај сериозната н…