Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс истакна дека Баварците во овој момент не го играат својот најдобар фудбал и тоа може да биде голема шанса за Арсенал.
Овие два тима се среќаваат во осминафиналето од Лигата на шампиони, а Баерн во истата фаза го елиминираше Арсенал два пати во последните четири години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Што се однесува со мене, оваа сезона е се одлично. Многу сум среќен како играч. Што се однесува до тимот, нашите резултати и позицијата на табелата се во ред. Меѓутоа, на теренот не изгледа се онака како што треба. Сепак, тоа е нешто што може да се промени, а мораме да работиме напорно за да го промениме тоа. Далеку сме од својот најдобар фудбал“, истакна Хумлес.
„Арсенал е тим кој сака да игра фудбал, сакаат да ја имат топката во посед. Тоа е така долго, од кога е Венгер таму. Поради тоа мораме одлично да се припремиме за мечот, бидејќи не сме навикнати на такви ривали“, заклучи дефанзивецот.