Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, ја покажа својата големина и надвор од терените.
Напаѓачот на Удинезе, ќе донира 2.000 евра за општата болница„ Борка Талески“ од неговиот роден град Прилеп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нестороски е неколку кратен спортист на Прилеп и во овие тешки денови уште еднаш ја покажа својата хумана страна да им помогне на своите сограѓани.
„Како и сите и јас во овие денови сум загрижен.Но,сигурен сум дека сите заедно сме посилни и ќе победиме во оваа битка.Моето семејство е далеку,ми недостасуваат сопругата и децата.Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе бидеме заедно.Ве молам да останете дома и да се придржувате на препораките на здравствените власти за доброто на сите. Ако го сториме тоа,можеме да спасиме многу луѓе“, истакна Несторовски.