Играчот за врска на Манчестер Јунајтед би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Договорот на Мата истекува на крајот на сезоната, а „црвените ѓаволи“ се уште не му понудиле продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
30-годишниот Шпанец е спремен за нова авантура во кариерата, а интерес за него покажуваат Арсенал, Јувентус и ПСЖ.
Мата е веќе слободен да преговара со заинтересираните клубови и може да потпише преддоговор во наредните недели.
Шпанецот оваа сезона има 22 натсапи за Манчестер Јунајтед на кои постигна 5 гола и запиша 2 асистенции.