Дома Останати Ракомет Хрватска неочекувано киксна против Австрија. Што ѝ треба сега за пласман понатаму?

Хрватска неочекувано киксна против Австрија. Што ѝ треба сега за пласман понатаму?

Хрватската ракометна репрезентација по величествената победа од 39:29 против Шпанија во првото коло на Европското првенство направи негативно изненадување играјќи само 28:28 со селекцијата на Австрија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа не беше ниту сенка на тимот кој пред два дена го растури европскиот вицешампион. По воведните 5:1, Хрватска застана и практично до крајот се играше гол за гол.

Хрватска можеше да победи, имаше играч повеќе во последните 15 секунди, но Циндриќ го промаши шутот за победа.

Што ѝ треба на Хрватска сега? Потребна им е победа против слабата Романија во третото коло во вторник, а доколку Шпанија ги победи Австријците, овој одземен бод нема да биде проблем.

Хрватска тогаш би отишла во вториот круг со два бода како прва, а Шпанија без бодови како втора. Но, проблемот ќе биде ако Австријците ја изненадат Фуријата и и земат бод или ја победат. Потоа Хрватска и Австрија би оделе понатаму со по еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…