Дома Останати Ракомет Хрватска и го нанесе најтешкиот пораз во историјата на Шпанија

Хрватска и го нанесе најтешкиот пораз во историјата на Шпанија

Хрватската ракометна репрезентација имаше брилијантен старт на настапот на Европското првенство во Германија, совладувајќи ја селекцијата на Шпанија со 39:29 во САП Арената во Манхајм.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватска по четврти пат во историјата го отвори Европското првенство против Шпанија.

Во претходните три наврати двете репрезентации остварија по една победа, а еден натпревар заврши нерешено.

Носени од гласната поддршка од околу осум илјади хрватски навивачи во САП Арената во Манхајм, избраниците на Горан Перковац одиграа спектакуларен натпревар.

Тоа е најтешкиот пораз на Шпанија на едно големо натпреварување од Светското првенство во Хрватска во 2009 година. И тогаш Хрватска победи против Шпанците со 10 поени разлика (32:22).

Поразот од Манхајм е најтежок досега за Шпанците на европските првенства. Досегашниот рекорд е осум разлика од Франција во 1996 и 2006 година. Шпанците, актуелни европски вицешампиони, до мечот со Хрватска никогаш немаа примено повеќе од 36 гола. Тие сега примија 39 …

Хрватска е на врвот во групата Б, а во недела ќе бара нова победа против репрезентацијата на Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…