Победата на Јувентус над Атлетико Мадрид (3:0) и денеска е тема во италијанските медиуми.
Откако што првиот натпревар заврши со резултат од 2:0, речиси никој не веруваше дека Јуве ќе помине во четвртфиналето, сите шпекулираа за замена на Алегри, но во реваншот тие одиграа натпревар за паметење и на крајот со 3:0 го елиминираа Атлетико Мадрид
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Титулата играч на натпреварот, се разбира си замина во рацете на Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик, а со португалскиот фудбалер брилијантен беше и Пјаниќ. Играчот од Босна беше „моторот“ на екипата, претрча најмногу и со генијално размислување ги контролираше нападите на Јувентус.
На социјалните мрежи сега се појави и интересно видео кое покажува како Пјаниќ реагирал во моментот кога во финишот од натпреварот беше досуден пенал. Камерите го фатија Пјаниќ кој се однесуваше како најголем навивач на Јувентус, исто како дете мало падна на колена.
Тој пенал, на крајот беше одлучувачки за поминувањето на Јувентус во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.