Дома Фудбал Германија Хејнкес го откри играчот за кој жали што не е во Баерн Минхен

Хејнкес го откри играчот за кој жали што не е во Баерн Минхен

Тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес ја критикуваше управата на минхенскиот клуб затоа што не успеаа да го доведат Тим Вернер.

Одличниот германски напаѓач летото 2016. година за десет милиони евра се пресели во Лајпциг и во моментов е еден од најдобрите стрелци во Бундеслигата, а според мислењето на Хејнкес токму таков играч треба да пристигне на „Алијанц Арена“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Говорејќи за Ди Велт, Хејнкес, меѓу другото, истакна дека Баерн мора повеќе да ги привлекува најдобрите германски таленти.

„Баерн пред неколку години требаше да потпише со Вернер, уште кога беше во Штутгарт. До таквите играчи треба да дојде на време. Штета, Вернер можеше многу да научи во Баерн“, изјави Хејнкес.

Вредноста на Вернер денеска се проценува на 50 милиони евра, а меѓу клубовите кои денеска го сакаат во своите редови се споменуваат Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан го обезбеди своето прво летно засилување

Од Милан успеале да постигнат целосен договор со Торино за доведување на играчот од средни…