Денес се одиграа четири натпревари од 13. коло во македонската Прва лига, а најдраматично беше во Кавадарци каде што домаќинот и со два играчи помалку се избори за бод против Гостивар.
Гостивар уште во 12. минута од средбата дојде до водство со голот на Абдула, но вистински хаос се случуваше по половина час игра кога главниот судија на мечот досуди непостоечки пенал за гостинската екипа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во протестите се вклуичи и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој влезе на теренот изреволтиран од скандалозната одлука. На Атимен тоа не му пречеше да го реализира за 0:2.
Тиквеш до крајот на првиот дел преку Спахиу намали на 1:2. Во второто полувреме Тиквеш доби и две исклучувања, прво во 71., а потоа и во 90. минута. Сепак и во таква ситуација домаќините во 91. минута постигнаа гол за бод и останаа непоразени.
На останатите три натпревари, Работнички го победи Силекс со 1.0, Македонија Ѓорче Петров во Штип беше подобра од Брегалница со 2:3, додека Воска Спорт и Брера ремизираа 1:1. Утре Шкупи и Вардар го играат последниот натпревар од ова коло.