Шпанецот Серхио Кањос не го криеше воодушевувањет откако беше стрелец на првиот гол во новата сезона во Премиер лигата во натпреварот во кој неговиот тим стигна до победа од 2:0.
Фудбалерите на Брентфорд не се исплашија од враќањето во најсилната англиска конкуренција после 74 години и го победија Арсенал. Еден од хероите на оваа победа беше Серхио Кањос кој го постигна првиот гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ова е неверојатно сонував како го постигнувам првиот гол на стадионот. Бевме многу возбудени поради овој натпревар, но заслужено победивме. Освоивме големи три побда, нека се радуваат нашите навивачи. Се уште не можам да верувам дека го постигнав првиот гол ол во сезоната, неверојатен момент за мене и моето семејство. Пресреќен сум. На крајот најавжно е што Брентфорд победи“, изјави Кањос.
Во второто коло Брентфорд ќе игра против Кристал Палас.