Дома Видео Хаос на дербито во Бугарија: Официјално лице фрли лопата за снег кон фудбалерите – натпреварот беше продолжен 25 минути!

Хаос на дербито во Бугарија: Официјално лице фрли лопата за снег кон фудбалерите – натпреварот беше продолжен 25 минути!

Вистински хаос се случуваше на дербито во бугарското првенство каде што се сретнаа ЦСКА Софија и Лудогорец.

На овој натпревар видовме судиско продолжение од 25 минути, а не само што победникот беше решен во 107-та минута се случи и голем инцидент предизвика од официјалните лица.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кога Спас Делев го постигна голот за гостинската екипа славеше пред навивачите на ЦСКА, тој е поранешен играч на овој тим и предизвика револт кај нив на трибините.

Навивачи влетаа на терен и мораше да реагира полицијата, но поголем проблем направија лицата со легитимација. Еден од официјалните лица фрли лопата кон навивачите како што може да се види на видеото.

Таа лопата не беше фатена од фудбалерите, меѓутоа со таа лопата „нокаутираше“ член од неговиот табор кој беше однесен во соблекувалната. Мечот потоа се играше до 115-та минута, но резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Легендарниот Фернандо Алонсо донел конечна одлука за неговата кариера

Фернандо Алонсо отворено зборуваше за своите планови за иднината во Формула 1. Тимот од Си…