Екипата на Сампдорија врза четири порази во Серија А и со вчерашниот пораз од Лече овој тим остана на претпоследното место на табелата.




Навивачите се бесни, а пред крајот на натпреварот се служаа свирежи од трибините, дури се испраќаа закани. Сето тоа посебно тешко му падна на капитенот Фабио Кваљарела кој имаше солзи на очите.




Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Ултрасите на Сампдорија го блокираа излезот на стадионот, па интервенираше полицијата за да фудбалерите и стручниот штаб да може да си заминат. Во медиумите се погласни се најавите дека Дејан Станковиќ иако е само еден месец во клубот ќе добие отказ.
I "fischi" della Sud… #Sampfiorentina #Sampdoria pic.twitter.com/ppqAY6rUgO
— Michele Solari (@MicheleSolari70) November 6, 2022



