Дома Видео Хаос во Мостар: Повредени десетина навивачи на Абердин (видео)

Хаос во Мостар: Повредени десетина навивачи на Абердин (видео)

Десетина хулигани, по кои трага полицијата, синоќа со камења, шишиња и факли во стариот дел на Мостар нападнале група навивачи на фудбалскиот клуб Абердин од Шкотска. Тројца од шкотските навивачи добиле телесни повреди, потвриле од болницата во Мостар.

Инцидентот го потврдил и портпаролот на мостарската полиција, Људевит Мариќ, кој појаснил дека тројца државјани на Велика Британија побарале лекарска помош.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По нападот, хулиганите избегале од местото каде што се случил инцидентот.

„За нас, ова се хулигани по кои трагаме“, рекол Мариќ.

Навивачите на Абердин допатувале во Мостар за да го поддржат својот тим во реваншот од 2. коло во Лига Европа против Широки Бријег. Дуелот се игра вечерва од 20.45 часот. Првиот натпревар пред една недела во Шкотска заврши 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тони Крос следната недела ќе соопшти важна одлука

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката со германскиот фудбалер Тони …