Дома Фудбал Италија Хаосот во Наполи продолжи и денес: Елмас и Лозано први го напуштиле тренингот!

Хаосот во Наполи продолжи и денес: Елмас и Лозано први го напуштиле тренингот!

Фудбалерите на Наполи после вчерашната побуна одбиваат да останат во карантин.

Целосен хаос настана во Наполи после вчерашното реми со Салзбург во Лигата на шампионите и одлуката играчите место во тренинг кампот „Кастел Волтурно“ да се упатат во својот дом.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Аурелио Де Лаурентис после поразот од Рома одлучи екипата да ја испрати во седумдневен карантин.

Меѓутоа, после натпреварот со шампионот на Австрија играчите ја прекршија таа наредба. Утрово редовно тренираа, за потоа повторно да заминат во своите домови, како и вчера. Според она што го објави „Скај Спорт“ први тренингот го напуштиле македонскиот фудбалер Елиф Елмас и Мексиканецот, Ирвинг Лозано кој беше стрелец во вчерашниот натпревар.

Де Лаурентис утрово не дојде во клупското седиште, ниту пак се огласуваше, но не е исклучено денес да има разговор со Анчелоти.

Засега се исклучува можноста Анчелоти да добие отказ или да се повлече, барем по она што се пишува во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луj ван Гал го победи ракот: Морав да носам пелени, ми беше многу тешко

Легендарниот холандски тренер Луи ван Гал (73) објави нови детали за неговата борба со рак…