Несакани сцени се случуваа вчера на натпреварот од кошаркарскиот шампионат помеѓу Гостивар и Пелистер. Натпреварот се прекина во последната четвртина откако тренерот Марјан Илиевски беше погоден со предмет од трибините.
Илиевски откако стана од паркетот ги загуби нервите, а со полициски службеници беше испратен до соблекувалната. Тука не запреа инцидентите. Беше прашање дали натпреварот ќе продолжи, но на крајот беше донесена одлука натпреварот да се доигра пред празни трибини. Двата тима останаа само со по пет кошаркари на теренот, без тренери и резерви на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот се радуваше битолскиот состав кој славеш со 84:89 и се врати на првото место на табелата.