Дома Фудбал Ханзи Флик е изборот на Лапорта

Ханзи Флик е изборот на Лапорта

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик е голем фаворит за кормилото на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Како што е познато Флик потврди дека го напушта Баерн на крајот на сезоната. Во меѓувреме иднината на Роналд Куман во Барселона е неизвесна и Каталонците спремаат тренерска смена.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Ханзи Флик е приоритет број еден на Лапорта и веќе презел први чекори за да го донесе на „Камп Ноу“.

Се смета дека Флик е многу блиску до клупата на германската репрезентација, но понудата од Барса може да ги промени неговите планови.

Лапорта лично имал телефонски разговор со Флик за да го убеди да го води новиот проект на Барселона, кој ќе биде многу амбициозен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед се брза: „Ѓаволите“ нудат големо богатство за Мбеумо

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед испратил трета понуда за напаѓачот на Брентфо…