Актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон стави точка на шпекулациите за тоа дека по крајот на сезоната ќе го промени тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот од актуелната сезона па поради тоа многу се пишуваше за тоа дека ќе премине во Ферари.
Сепак, Британецот порача дека веќе е во тимот од соништата и дека нема намера да ја промени средината.
„Не сонувам за друг тим, веќе сум во екипата од соништата. Не се обидувам да заминам, Мерцедес е најдобриот тим.“ – порача Хамилтон.
Сезоната во Формула 1 се уште е во прекин бидејќи поради Ковид-19 беа одложени првите девет трки сезонава.
За сега нема официјални податоци за тоа кога ќе се вози првата трка во новата сезона.