Дома Фудбал Германија Халанд се жали: Мислам дека само против нас се суди играње со рака

Халанд се жали: Мислам дека само против нас се суди играње со рака

Ерлинг Халанд постигна гол во последните минути за победа на Борусија Дортмунд против Фортуна.

Младиот Норвежанец постигна гол во последните минути од натпреварот, но пред се зборуваше за поништиениот гол од 66. минута. Неговиот шут го погоди во рамо Рафаел Гереро, а со прегледување на ВАР одлучено тој гол да се поништи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа не му се допадна на Халанд кој даде јасен коментар.

„Се уште не сум ја видел снимката, но имам чувство дека само против нас се користи играњето со рака“, алудираше Халанд на играњето со рака во директниот дуел помеѓу Баерн и Борусија кога за „милионерите“ не беше досуден пенал.

Халанд денес влезе од клупата и во последните секунди постигна гол за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Карвахал се налути: Тој натпревар ги прекршуваа првилата на Ла Лига!

Дaни Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, изрази загриженост за регуларноста на шпанското ф…